Група експерти побара од Европската Унија да забрани било каква употреба на вештачката интелигенција за креирање на алатки за рангирање на луѓето или за масовно следење. Вакви алатки засега веројатно и не се развиваат во Европа, но ако сака да ја зацврсне позицијата на лидер кога етичкото користење на вештачката интелигенција е во прашање треба да донесе ваква одлука.
Дополнително и алатките кои може да се користат за следење на цели означени како опасност за државите мора да бидат добро регулирани.
Ваквите апликации кои се користат за рангирање на граѓаните би можеле да се користат на пример за оцена на пример дали некој е соодветен за вработување на пример во државна служба или армија. Потоа ако граѓанинот се задолжува можеби ќе биде одбиен да се вработи на позиција на која ќе има допир со државни или компаниски тајни. Дополнителен проблем кај системите е вградената пристрасност, за која иако девелоперите често се свесни тешко се отстранува.
Expert group on #artificialintelligence shares 33 policy and investment recommendations to support trustworthy #AI in Europe.
We want this technology to respect privacy, provide transparency and prevent discrimination → https://t.co/SREIPaYjy4 pic.twitter.com/h9YGR4eXZl— European Commission 🇪🇺 (@EU_Commission) June 26, 2019
Анализата не експертите е достапна за разгледување и има подетални насоки за иден развој. Иако упатствата се подетални од претходни неколку точки, засега не се преточени во предлог на закон. Со оглед на тоа дека станува збор за релативно нова технологија секако ќе биде потребно дополнително разгледување на секоја од препораките и идни потенцијални примени.
Веројатно најголема причина за страв е алатката која се користи во Кина за која дел од експертите веруваат дека се користи за следење и „вразумување“ на граѓаните. Дополнително системи за масовно следење постојат и во развиените и демократски држави, вели Verge.







