Една линија код е доволна за да се преземат податоци од Google Home Hub

0 коментари 1 мин. читање

Примерот со новиот Google Hub Home на кој се приклучуваат куп паметни уреди е одличен пример зошто е потребен безбеден рутер.

Единствена линија код е доволна да се соберат податоци, па дури привремено да го уништи уредот.

curl -Lv -H Content-Type:application/json --data-raw '{"params":"now"}' http://hub:8008/setup/reboot

Во кодот единствено треба „hub“ да се замени со локалната адреса на уредот. Друга команда овозможува уредот да ја заборави постоечката Wi-Fi конекција.

Секако потенцијалниот напад е многу посложен од ова, најпрво евентуалниот напаѓач треба да добие непречен пристап до мрежата. Но ако некој ја пробие заштитата на рутерот, Google Home и неговите исклучувања ќе им бидат најмал проблем на корисниците.

Повеќе податоци за пропустот на Google Home, на TechCrunch.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top