Еден од најголемите поети, драматурзи и есеисти на дваесеттиот век, Т. С. Елиот од неодамна доби нов веб сајт. Нека не ве излаже минималистичкиот изглед. Сите оние кои се заинтересирани за животот и делата на овој автор на tseliot.com имаат ризница од непресушни информации од различни форми.

Со кликнување на копчето Menu се појавуваат категории кои даваат уреден преглед во животот на авторот, односно ретки фотографии, преокупации и луѓе кои влијаеле во неговиот живот. Втората категорија, The Work, го дели неговото креативно излагање на поезија, драма, проза и уредничко-издавачки истакнувања, а на вас се остава дали сакате да прочитате извадоци или цели дела. Во одделот Explore имате пристап до стотици исклучително ретки лични и професионални писма и документи, како телеграмата од комисијата за нобелова награда која го поканува Елиот на церемонијата од 1948-та година, истата година кога и му беше доделена наградата во одделот литература.

Сајтот tseliot.com го одржува T. S. Eliot Estate, во партнерство со издавачите Faber & Faber, а со оглед на тоа дека сајтот е релативно нов, многу повеќе работи се во фаза на дообработка и во план за дополнително поставување во иднина.







