Држете се подалеку од Dropbox ако си ја цените приватноста, вели Едвард Сноуден

Доколку си ја сакате приватноста, откажете со од Dropbox, избегнувајте ги Facebook и Google, советува Едвард Сноуден во интервју со Џејн Маер, на New Yorker Festival. Интервјуто е дел од промоцијата на документарниот филм Citizen four. „Не сме повеќе граѓани, повеќе немаме лидери. Сега сме поданици и имаме владетели!“, вели г.Сноуден.

„Зборуваме за енкрипција. Зборуваме за софтвер кој ја загрозува вашата приватност. На пример Dropbox? Оставете го Dropbox не подржува енкрипција, не ги заштитува вашите фајлови. Користете ги конкурентите како SpiderOak, кои ја нудат истата услуга, но ги заштитуваат фајловите кои ги споделувате“

Слични замерки Едвард Сноуден има и за Facebook и Google, за кои вели дека иако ја подобриле својата заштита сепак остануваат опасни услуги. Ова го темели пред се на тоа што пораките кои се испраќаат се некриптирани, а дел од конкурентите како RedPhone и SilentCircle нудат подобра заштита.

„Кога велите немам ништо за криење, всушност велите не ме интересира ова право. Велите јас го немам ова право бидејќи дојдов до момент каде може да го рационализирам. Ова право функционира единственоа ако владата мора да го оправда неговото нарушување“, вели Едвард Сноуден во интервјуто кое може да го погледате подолу.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments