0 коментари 2 мин. читање 25 јануари, 2022

Дознајте колку е големо бебето преку секојдневни SMS пораки

Се спремате да донесете нов живот во овој свет? Честитки мамо и тато, сигурни сме дека ќе бидете одлични родители! Во пресрет на вашето ново сонце, би можеле да проверите исклучително интересна услуга која ем ве учи како да поздравувате на различни јазици ем ве опсипува со визуелни податоци за големината на бебенцето.

How big is the baby е услуга која ви доаѓа во форма на SMS пораки. По првично прилагодување и внесување податоци, секој ден ќе добивате известување во форма на SMS пораката. Пораката секогаш е поделена во три дела. Првиот дел ве информира како да кажете здраво на некој јазик; вториот дел е поврзан со големината на вешето бебенце, односно колку му е моментно големо рачето, главчето и слични интересни факти, заедно со фотографија од некој предмет кој е според таа големина. Последниот податок е известување која по ред недела и ден мамата го носи бебенцето.

Услугата може бесплатно да се провери десет дена, а потоа се бара еднократна цена од 1650 денари. За да започнете со користење на услугата, го пишувате вашето име, кога се очекува бебенцето да се роди, која е вашата имејл адреса. Што се однесува за sms пораките кои ќе ги добивате, можете да подесите и во кое време да ви се испраќаат, а ако во некој момент сакате да прекинете, испраќате порака во која пишува STOP.

Од она што го видовме, How big is the baby е интересна услуга не само за мајката, туку и за целото семејство кое сака броените денови да ги исполни со интересни факти за идниот член на семејството.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top