Дознајте кои постови ги имате пропуштено на Facebook и Twitter

Сите оние кои што имаат многу пријатели на Facebook или Twitter, дури и да следат 24 часа што се случува, не можат да ги видат сите постови што нивните пријатели ги имаат споделувено. Доколку сте од оние кои сакaат да знаат што сè се споделува, тогаш сигурен сум дека Know About It ќе ви се допадне.

Know About It е проект кој има за цел да ги задржува сите оние постови кои би ве интересирале, а сте ги пропуштиле од преголемиот број на постови кои се споделуваат цело време. Know About It ви овозможува да ги следите вашите Facebook или Twitter фидови, така што ќе се регистрирате преку еден од овие два друштвени медиуми, во зависност од тоа кој медиум сакате да го следите.

Кnow About It има опција за филтрирање, која ви овозможува да одберете да ви покажува само музика, само слики, или само видеа, да ви дава препораки според тоа претходно што се кликале, или пак да покажува постови од луѓе кои не споделуваат толку често. Доколку сакате, препораките можат да ви пристигаат и на вашиотимејл.

Се разбира, за да почне да дава предлози, Know About It најпрво треба да го анализира вашето користење на Facebook или Twitter, а тоа може да потрае малку.

 

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk