TinyWall постои подолго време, но првенствено како дополнителна алатка која го надополнуваше огнениот ѕид кој беше вграден во Windows оперативниот систем од Microsoft. Така, барем, беше со првите две верзии на TinyWall, но новата трета верзија целосно ја отстранува секундарната улога и се наметнува како способно и, пред сè, самостојно решение.
За потребите на третата верзија, студиото зад алатката, Karoly Pados, одново го имаат напишано кодот за софтверот. Благодарение на тоа, TinyWall може да го покренувате со, или без безбедносното решение на Microsoft.
Кога се работи за ваква темелна надградба, разликите се очигледни во сите сфери, особено во изгледот. TinyWall сега се одликува со таканареченото boot-time филтрирање, што значи дека правилата од самиот програм стапуваат на сила уште пред самиот програм да се покрене. На располагање имате и поддршка за автоматско справување со UWP апликациите од Microsoft Store, како и напредни можности за Windows File Sharing, нешто што не беше можно со претходните верзии. TinyWall ќе се потруди и да спречи апликации да го надгледуваат или злоупотребуваат вашиот сообраќај.
Поради сево ова, најновата верзија на TinyWall не работи повеќе на 32-битни верзии на Windows. Исто така, поддршката за Vista е целосно укината.