1 коментар 3 мин. читање 10 септември, 2019

Доминацијата на Google под „лупа“ на 50 јавни обвинители

Доминантната положба на пазарот на Google е под истрага во речиси сите федерални држави во сат, единствен исклучок се Калифорнија и Алабама. Над 50 јавни обвинители истражуваат дали Google ја злоупотребил доминантната положба на пазарот. Предводник на иницијативата е обвинителот Кен Паксон од Тексас. Во истрагата освен 48 држави се приклучени и Округот Колумбија и Порторико.

Истрагата е фокусирана на доминацијата на Google во онлајн маркетингот.

„Кога не постои слободен пазар или конкуренција, цените растат, дури и кога нешто се прикажува како бесплатно, а им штети на потрошувачите. Дали нешто е навистина бесплатно ако постојано му даваме приватни податоци? Дали е бесплатно ако онлајн огласите се поскапи бидејќи една компанија има контрола?“, вели Ешли Муди, обвинител од Флорида.

Доминацијата на Google воопшто не е спорна, но проблематично е што компанијата десетина години постојано е под обвинување дека ја злоупотребува својата положба на пазарот. Веројатно најгласен во ова беше Yelp кој со години се жали на позицијата на која се појавуваат резултатите на Google во пребарувањата.

„Добредојдена е веста дека речиси државни обвинители од секоја држава се приклучија кон историската двопартиска истрага во оваа незаконска и монополска практика. Yelp ќе продолжи да помага во истрагата на секој можен начин“, вели Лутер Лов на блогот на Yelp.

Речиси истовремено во Њујорк започна истрага за монополскиот статус на Facebook. Оваа истрага ја води обвинителката Летиција Џејмс, а на истрагата и се приклучија и обвинители од седум други држави, вклучувајќи го Округот Колумбија. Засега е нејасно дали двете истраги се кооридинирани, пренесе CNBC.

Google излезе со соопштение објаснувајќи дека компанијата отсекогаш соработувала со законодавците.

Федералната комисија за трговија од јули започна со истрага за злоупотреба на положбата на Facebook. Истрагата за работата на Google е под Одделот за правда, кој ќе ја истражува и работата на Apple. Федералната комисија за трговија би можела да отвори истрага и за Amazon, вели Ars Technica.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top