Доказите за кодошите ќе бидат објавени онлајн?

во ИТ.МК

Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ предлагаат документите кои се доказ дека некој бил шпион да бидат објавени онлајн, на веб страна на Комисијата за лустрација каде секој заинтересиран би можел да ги разгледа и да се увери во нивната точност.

Комисијата во моментов е спречена законски да објавува јавно вакви доверливи документи. Прашање е и ако се објават тие документи онлајн, колку информации т.е. „докази“ ќе содржат кои би биле јавни, а кои нема да бидат злоупотребени или пак да откријат уште тајни?

Пратениците Силвана Бонева и Илија Димовски предлагаат промени во Законот за лустрација со кои би се дозволило Комисијата да ги објави документите, се со цел да се надминат обвинувањата од опозицијата која вели дека се спроведува селективна лустрација.

„Оние за кои комисијата утврдила дека се соработници на тајните служби слободно во јавноста објавуваат документи, додека, пак, поради ограничените законски можности на комисијата, таа не е во можност да ги објави документите и доказите врз чија основа ја донела својата одлука дека некој бил кодош.“ вели г. Димовски за Нова Македонија.

Секако, покрај спречување на партиските препукувања, самото објавување ќе значи и поголема транспарентност и увид во работата на Комисијата. Всушност, кога сме кај тоа, сите владини институции и комисии треба да се погрижат да ги објават своите документи онлајн за граѓаните да имаат увид во нивната работа.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments