0 коментари 2 мин. читање 21 јуни, 2018

Директорот на Intel поднесе оставка поради романтична врска со вработена во компанијата

Брајан Крзнанич не е повеќе директор на Intel. Досегашниот директор на најголемиот производител на чипови е заменет заради романтична врска со вработена или вработен во компанијата.

Ваквите врски се забранети во Intel, а ако правилата не ги почитуваат директорите тешко дека ќе може да ги казнат и останатие вработени. Како последица на „скандалот“ г. Крзанич го напушти и бордот на Intel.

„Внатрешната и надворешната истрага покажа прекршување на политиката за интимни врски во компанијата, која се однесува на сите менаџери. Со оглед на очекувањата сите вработени да ги споделуваат вредностите на Intel и да се придржуваат до кодексот, бордот ја прифати оставката на г. Кржанич“, јавија од Intel.

Компанијата за врската на г. Крзанич дозна неодамна и моравме да побараме негова оставка.

Г. Крзанич е на чело на Intel од 2013 година, а дел од Intel е од 1982 година. На местото на г. Крзанич, барем привремено е досегашниот раководител на финансискиот сектор Роберт Свон.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}