0 коментари 2 мин. читање 5 октомври, 2018

Дигиталната приватност може да ги чини патниците во Нов Зеланд 5 000 новозеландски долари

Во Нов Зеланд на сила стапува закон кој ќе им овозможи на службениците на царинските служби да прават дигитален претрес. Доколку патникот одбие да го отклучи својот уред, и сака да ја задржи својата приватност, ова може да го чини 5 000 долари, јави Radio New Zealand.

Всушност станува збор за амандман на веќе постоечкиот закон. И досега царинската служба можеше да побара електронски уред од патниците. Сепак патникот не беше обврзан да го отклучи телефонот или лаптопот.

Со промените на законот патникот ќе мора да обезбеди, лозинка, пин или отпечаток на прст за отклучување на уредот. Фајловите кои се во облакот остануваат безбедни и по отклучување на уредот, се чини дека сопственикот нема обврска да се логира на различни сервиси.

„Станува збор за проверка фајл по фајл на телефонот. Не одиме во облакот. Ќе го провериме уредот во модот за патување со авион“, вели портпаролот на царината Тери Браун.

Ова секако ќе им ја олесни работата на цариниците, но која е цената? Телефоните денес ни се „дневник“ на сè што правиме; на нив чуваме слики, пораки, сметки, мапа каде сме биле, и што уште не.

Властите сметаат дека со ова ќе им биде полесно да пронајдат податоци за криминалците, но без сомневање криминалците нема да ги чуваат податоците на телефонот. Најголема жртва на новиот закон речиси без сомневање ќе бидат обичните патници кои не направиле никаков криминал.

„Криминалците само ќе ги префрлат инкриминирачките материјали онлајн… Би требало да сте побудалени за да чувате нешто на телефон…“, вели Томас Бигл портпарол на Советот за граѓански слободи.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top