Дигитализацијата на студентски оброк – добри и лоши страни

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести, ИТ.МК

Претходната учебна 2022/23 година, студентскиот оброк се исплаќаше на дебитна картичка на студентите, сумата изнесуваше 120 денари на дневна основа, а оброкт се исплаќаше на месечна основа. Од април годинава, сумата се покачи на 140 денари на барање на студентите, но исплатата и натаму течеше на дебитните картички на студентите. По измените на Законот за субвенциониран студентски оброк, студентскиот оброк од оваа учебна година, 2023/2024, ќе се исплаќа на посебна наменска картичка од Шпаркасе банка.

Според досегашните информации, секој студент ќе има на располагање 140 денари дневно, но доколку не ги искористи, сумата или преостаната сума нема да се акумулира за следниот ден. Дополнително, нема да има можност за доплата на таа сума, пример – доколку сметката изнесува 200 денари, нема да може да се искористат 140-те денари од картичката и плус да се доплатат уште 60 денари. Картичката ќе може да се користи во угостителските објекти, но листата сеуште не е објавена. Од тука произлегуваат прашањата:

  • Што може да јаде студент со 140 денари дневно во Скопје?
  • Зошто сумата не се акумулира барем на неделна основа за да се зголеми изборот и опциите?
  • Како ќе се одвиваат трансакциите на релација МОНШпаркасе?
  • Каде ќе завршат парите кои што нема да се акумулираат?
  • Дали ќе има студентски попусти низ угостителските објекти?

На овие прашања допрва треба да се даде одговор. Повеќе детали околу користењето на студентскиот оброк оваа година сеуште не се достапни, барем за пошироката јавност.

Како се аплицираше за студентски оброк?

Првин се аплицираше преку системот на e-uslugi, а потоа доколку се исполнети условите, стигнува SMS порака за пополнување на апликацијата на Шпаркасе банка.

Како се аплицира сега преку апликацијата на Шпаркасе банка?

Првиот чекор е внесувањето на матичниот број, апликацијата во овој чекор користи дво-факторна автентикација, односно доколку вашиот матичен број е претходно (со аплицирање преку e-uslugi) регистриран, ќе ви стигне број на мејлот кој што претходно го имате регистрирано.

Овој чекор значително ја подобрува безбедноста при аплицирање. Односно, доколку некој сака да направи некаква злоупотреба и да аплицира во ваше име, би му било потребно да го има вашиот матичен број и да биде најавен од вашиот мејл сервис во истиот момент.

Доколку активацискиот код се совпаѓа, процесот на апликацијата продолжува понатаму, во следните чекори потребно е да ги внесете личните податоци.

Откако личните податоци ќе бидат успешно внесени, ќе треба да прикачите фотографија или скенирана верзија од лична карта или пасош. Вообичаено за прикачување на документи се користи типот PDF, но во овој случај PDF не е дозволен тип за прикачување. Дозволената опција е само JPG, па ќе мора да прикачите фотографија од лична карта или пасош.

Откако ќе аплицирате успешно, за кратко време ќе ви стигне порака – кога можете да ја подигнете наменската картичка.

Генерално, начинот на аплицирање е дигитализиран и поедноставен, а Шпаркасе банка ќе им овозможи на сите студенти користење на бесплатен Vibe on пакет за млади, којшто вклучува бројни придобивки. За бруцошите, аплицирањето ќе трае од 1-ви до 7-ми октомври, а за останатите кои што немаат аплицирано, ќе имаат можност да аплицираат од 1-ви до 7-ми секој нареден месец.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Matrix Global

QA Engineer

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Operations

Data Masters

Data Engineer

види ги сите огласи на kariera.it.mk