0 коментари 2 мин. читање 1 февруари, 2017

Девелоперите конечно ќе можат да одговорат на рецензиите на AppStore

Добра вест за девелоперите на апликации за iOS, Apple конечно ќе им овозможи да одговорат на рецензиите и коментарите кои ги оставаат корисниците. Промената доаѓа со iOS 10.3, оваа верзија засега е во бета, но се очекува да биде достапна за еден или два месеци, јави TechCrunch.

Ова на девелоперите на Android кои ги споделуваат своите апликации преку Google Play им е овозможено одамна. За девелоперите е навистна корисно да можат да одговорат на некои од замерките, а можеби и на пофалбите. Ќе можат да одговорат кога некој баг е поправен или да побараат повеќе информации. Овие податоци потоа ќе им бидат достапни на корисниците кои го поставиле прашањето, но и на сите останати корисници. Истовремено ќе бидат и добар показател за тоа колку издавачот ја одржува апликацијата.

Со оглед на тоа дека по подолг временски период овие рецензии, прашања и одговори ќе се натрупаат, Apple најавува промена и во нивното сортирање.

Дополнителна промена е тоа што девелоперот ќе може да ја оцени апликацијата додека работи. Повисоки и повеќе оценки значат и повисоко рангирање на апликацијата и можност за поголема видливост. Овие барања се ограничени на три пати во годината. Откако лимитот ќе биде надминат нема да има нови барања.

Со новата надградба на оперативниот систем ќе дојдат и други нови промени, како можност за пронаоѓање на безжичните слушалки. Повеќе за iOS 10.3 со излегувањето на оперативниот систем.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top