Денес можеби е последниот ден на SoundCloud

во Вести

Заработката на музичките сервиси денес е голем проблем. Дури и огромни и популарни сервиси како Spotify и Pandora работат со загуби. Со слични проблеми е и платоформата за споделување на музика SoundCloud.

Денес инвеститорите ќе мора да донесат тешка одлука за иднината на SoundCloud, а според извори на Axios можно е и затворање на сервисот. Компанијата неодамна мораше да отпушти 40% од вработените. Денес инвеститорите ќе мора да одлучат дали сакаат да им се приклучат нови инвеститори, или можно затворање на SoundCloud.

Нови инвеститори во SoundCloud можеби ќе бидат Raine Group и Temasek. Тие изразиле волја за да го спасат сервисот. Проблемот е што инвестицијата мораат да ја одобрат и сегашните инвеститори, а тоа не е гарантирано. Одбивањето на инвестицијата нема веднаш да значи крај за SounCloud, но значително ќе ги намали можностите за опстанок. Средствата кои евентуално би биле инвестирани ќе бидат под лоши услови, а ќе мора да се искористат за враќање на долгови.

Колку се лоши условите во SoundCloud покажува фактот дека моменталниот директор Алекс Љунг ги убедува инвеститорите да гласаат за инвестицијата. Доколку дојдат новите инвеститори, г. Љунг ќе биде веднаш заменет, јави Rеcode.

Платформата ја користат голем дел на музичари и од Македонија. Музиката на дел од музичарите во подем дури и не може да се пронајде на друго месето, па евентуалното затворање на сервисот би можело да биде предизвик и за македонските музичари.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk