Дали влијанието на руските трол фарми завршува во САД?

Avatar img-thumbnail img-circle

во feature, Свет

Истрагата на конгресот на САД полека открива дали има или нема руско влијание во претседателските избори, но можеби поинтересно е откривањето на Руско влијание врз повеќе настани.

Троловите не само што влијаеле или се обидувале да влијаат на изборите во САД, туку замешани се и во Украина, руската опозиција, контрактори на војската на САД, и илјадници други цели на интерес на властите во Москва, јави Associated Press.

Листата до која дојдоа новинарите содржи лица кои биле од интерес на властите, а цел на нападите била и електронската пошта на над 4.700 корисници. Податоците се пронајдени откако руската хакерска група Fancy Bear случајно објави дел од нивната фишинг операција. Fancy Bear е истата група која ги сподели и податоците од Џон Подеста, менаџер на кампањата на Хилари Клинтон.

Цел на напад во САД се 573 електронски сандачиња. Дел од сандачињата од интерес им припаѓаат на влијателни политичари во повисокиот слој на Демократската партија. Сепак, дел се и на обични работници во кампањата и поддржувачи на партијата.

Во Русија хакерите се фокусираат на опозицијата и на новинарите, но и на поддржувачи на граѓанското општество.

Ова е прв официјален документ кој покажува на директна вмешаност на Fancy Bear во влијанието врз изборите во САД.

„Ова е листа за отстрел за продлабочување на руските интереси. Податоците покажуваат листа на индивидуи кои Русија сака да шпионира, посрамоти, дискредитира или замолчи“, вели Кери Жилс.

Политичкото влијание од лажни профили

Дека сите проблеми не произлегуваат од руски трол фарми, покажуваат примерите на Џена Абрамс и Памела Мур.

Станува збор за влијателни твитер профили. Профилите имаа големо влијаните во изборите. Џена Абрамс има 70.000 следбеници, но поголем проблем е што ставовите изнесени на овој профил ги пренесувале и традиционалните медиуми. Има само еден проблем, профилот е лажен, а со него управуваат руски трол фарми. Профилот е само еден од 2.750 лажни профили од кои објавуваат трол фармите. Секако најголем проблем е пренесување на овие вести од медиумите и прифаќањето на објавите здраво за готово.

Една од овие објави која ја пренесоа куп медиуми е дека CNN во текот на шоуто на готвачот Ентони Борден емитувал порно содржина. Оваа вест се прошири насекаде, но настанот е невистинит, вели Inquirer.

Колку внимателно е креиран лажниот идентитет покажува и податокот дека профилот има и лична веб-страница, gmail профил и GoFundMe страница. Од профилот често не се зборуваше за политика. Почесто имаше и смешни објави за јавни личности или актуелни настани. Но, штом стигна до значителна бројка на следбеници, од профилот започна и споделувањето на содржина која сее раздор.

Вториот профил на Памела Мур, се развиваше поинаку. Од самиот почеток започна како про-Трамп профил и така и продолжи.

Сепак најголемиот проблем кој се јавува денес не се овие профили, туку нивното влијание на друштвените мрежи и тоа не кај обичните корисници. Профилите од руски трол фарми се споделувани и цитирани, не само од медиуми, туку и од официјални претставници на Доналд Трамп, па и на самиот претседател. Келиен Конвеј, Бред Парскал, Доналд Трамп Помладиот, Мајк Пенс, Џенерал Флин ги следеа овие профили и ги реобјавуваа нивните постови.

Дали влијанието на руските трол фарми завршува во САД?

Истрагата на конгресот откри дека е можно руското влијание да е раширено и во Европа. Неколку британски министри, помеѓу кои и Борис Џонсон се среќавале со истите луѓе кои можеби влијаеле и на Доналд Трамп.

Иако има куп информации кои зборуваат за „руската врска“ на претседателот на САД, ова е прв пат да почне да се зборува и за влијанието на Путин во Британија.

Заменик претседателот на Лабуристичка партија, Том Вотсон побара од владата да ги објави имињата на министрите кои се среќавале со овие претставници, пренесе Guardian.

Претставник на Борисн Џонсон, ја демантираше веста дека г. Џонсон било кога се сретнал со овие личност. Алок Шарам кој е поранешен министер за надворешни работи исто така ја негираше оваа вест.

„Поради загриженоста за руско мешање на ЕУ референдумот, Комисијата за разузнавање и безбедност мора да се реконституира по итна постапка“, побара Том Брејк, портпарол на Либерал-демократите за Брегзит.

Станува збор за речиси истата приказна како за претседателот на САД, г. Доналд Трамп. Руски претставници се сретнале и преку посредници разговараат со високи претставници на Велика Британија. Колакво и дали воопшто има влијание во политиката, најверојатно ќе дознаеме во иднина.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk