На 18 декември 2010 година, Мохамед Буазизи се самозапали, ова беше првиот настан со кој започнаа немири во Тунис. Наскоро, во јануари се промени власта во Тунис. Во период од 18 декември до 1 февруари, протести започнаа во речиси сите држави во Северна Африка и Блискиот Исток. Протестите и промените на властите во овие држави се наречени Арапска пролет или Арапски проести.
Сепак професорот Јанер Бар Јам од New England Complex Systems Institute, вели дека се започнува две години порано со „Регулирањето на етанолот“. Тимот на г. Бар Јам искористи физички модел на цените на храната. Истражувачите сметаат дека Арапската пролет е директно поврзана со неколку настани кои доведоа до порасат на цената на храната.
Добивај известувања
Најава
0 Коментари
Најнови






