0 коментари 2 мин. читање

Дали HP го уби webOS со отварање на кодот?

HP реши да го ослободи кодот на својoт мобилен оперативен систем webOS. HP вели дека тие ќе продолжат да работат на мобилниот проект заедно со заедницата на слободен софтвер .

Идејата е да се соработува со заедницата да се постигнат неколку цели:

  • да се забрза развојот на webOS платформата
  • HP ќе биде вклучен и ќе инвестира во развојот
  • да има добра, транспарентно водење за да се избегне фрагментацијата
  • софтверот ќе биде со целосно отворен код.

Но, иако овој потег на HP може да биде прифатлив од заедницата, не секој слободен софтвер успева да стане тоа што неговите креатори го посакуваат. Кога компанија ќе го ослободи кодот тоа може да значи дека заедницата ќе го прифати и ќе креира бројни апликации, или ќе се случи токму спротивното – заедницата ќе го игнорира софтверот. Второво сценарио е нешто што му се случи на Symbian и што најверојатно ќе му се случи и на webOS, оперативен систем кој HP го доби откако го купи Palm за 1.2 милијарди долари минатата година. Symbian започна како лиценциран софтвер, за потоа Nokia да го ослободи кодот, и на крај, поради неконкурентност и незаинтересираност од програмерите, да се откаже од него комплетно.

Причината за падот на webOS е конкурентноста на пазарот на паметни телефони и таблет компјутери. Покрај популарниот iOS оперативен систем на Apple, webOS за конкуренција го има и „слободниот“ Google Android, новиот Windows Phone 7 и BlackBerry.

Некако е тешко да се поверува дека HP ќе го ослободеше webOS доколку платформата се покажа успешно. Ова повеќе наликува на очајнички обид да се добие идеја од креативноста на масата, отколку да се продолжи да се фрлаат пари во развој на неуспешен мобилен оперативен систем.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top