Веројатно ако првпат ја гледате „ji32k7au4a83“ ви изгледа на супер лозинка. Изгледа супер безбедно, долга е наизглед се е по случаен избор. Сепак „ji32k7au4a83“ е на листата на често употребувани лозинки на „Have I Been Pwned“, забележа Gizmodo.
Причината за ова е едноставна и прилично логична. Иако на англиски, кој е начесто употребуван јазик, нема никакво значење, на тајванска тастатура ова е транслитерација на „wǒ de mìmǎ“ или моја лозинка (my password). Ова секако е ужасна лозинка и покажува само дека ниту Тајванците не се имуни на лоши лозники.
ji3 -> 我 -> M
2K7 -> 的 -> Y
au4 -> 密 -> PASS
a83 -> 碼 -> WORD
На македонски веројатно нема соодветен превод на лозинката (можеби 4 место „Ч“, но секако не е доволно сложено). Причината за овој уникатен проблем е големиот број знаци во азбуката, па како што покажа објаснувањето за еден знак се потребни неколку неколку ознаки од латиница.
Вие секако може да проверите колку е безбедна вашата лозинка, и дали можеби веќе е дел од некоја база на пробиени и објавени податоци.







