Дали да користите YouTube Premium?

Како една од најдобрите сервиси за споделување видео материјали, YouTube е задолжителна дестинација за многумина корисници. Од неодамна, и македонците можат да се претплатат на YouTube Premium и да уживаат во впивање мултимедијални содржини со повпечатливо искуство. Во оваа прилика, навлегуваме подлабоко во претплатничкиот модел и се трудиме да заклучиме дали цената ги оправдува бенефициите.

За 8.5 долари, или 470 денари месечно, можете да се претплатите на YouTube Premium и да ги искусите следниве четири услуги на поразличен начин.

1. YouTube

  • Гледање видеа без какви било реклами.
  • Преземање на видеата за нивно офлајн прегледување.
  • Гледање на видеата преку мал прозорец, со паралелна работа на некоја друга апликација
  • Слушање на видеата со исклучен екран
  • Гледање премиум филмови и серии ( YouTube Originals) кои не се достапни на непретплатниците

2. YouTube Kids

  • Интересна алтернатива на YouTube, замислена за безбедно и едноставно истражување на светот преку видеа, со исти предности како под 1, но прилагодено за децата.

3. YouTube Music

  • Слушање илјадници песни без какви било реклами
  • Слушање на песните во позадина
  • Преземање на песните/ плејлистите за нивно офлајн преслушување

4.  Google Play Music

  • Интересна алтернатива на YouTube Music, со исти предности како под 3.

YouTube Premium се одликува со понуда за двомесечно, бесплатно користење. Откако ќе ви истече пробниот период, се враќате на бесплатното користење, и на постојано бомбандирање со реклами. Рекламите се неуморни. Некогаш доаѓаат пред, некогаш за време на видеото, а некогаш на крајот. Во ситуации со одредени, пократки видеа, можно е нижење реклама по реклама и едната да заврши само за да автоматски друга почне. Агресивност која создава мачнина, сега само со двојно посилен интензитет. Имено, двомесечното премиум користење мајсторски го учи корисникот дека работите можат да бидат значително подобри, порелаксирани и пофлексибилни. Пробниот период е сосема доволен за да се размазмазите и за да се најдете во ситуација каде бесплатното не е доволно и да сватите дека се губи подеднакво време и енергија во гледање и прескокнување реклами како и при она што навистина сакате да го гледате. Навиката да се работи преку прелистувач или некоја друга апликација додека во позадина оди одредено видео, повеќе не може да се негува, ниту да се пушти нешто да оди во позадина, а да се исклучи екранот за да се сочува батеријата. На паралелна нота, YouTube Music станува лушпа од она што некогаш бил и ви се потсмева со фрустрирачко искуство, не само поради ограничувачката природа (нефункционалност во позадина и недозволено преземање), туку и поради бројните реклами кои ги листа со запрепастувачка агресивност. YouTube Originals, од друга страна, целосно го врти грбот и одбива какво било навраќање и одгледување на новите епизоди од вашите омилени серии.

Авторот на овој текст помина низ сево ова, а плаќање месечна претплата ја доживеа како враќање дома. По нешто повеќе од месец, по секојдневно и константно напаѓање со едни исти реклами, по задевање за она што некогаш го имавме, потклекнавме на притисокот и се вративме на премиум. Не знаеме до кога, но исполнувањето на секојдневните обвски и рутини стана значително поквалитетно и релаксирачко. Агресивната стратегија на Google успеа да нè направи претплатници.

Дали да користите YouTube Premium? Претпоставуваме дека таквиот одговор зависи од вас и вашата моќ за компромиси. Но, доколку секојдневно користите YouTube, дефинитивно препорачуваме да поминете низ бесплатниот пробен период, како и да ја инсталирате апликацијата YouTube Music и да погледнете колку се моќни алгоритмите за нудење и откривање музика, специјално скроена за вашиот вкус. Offline Mixtape плејлистата секојдневно се освежува со нови песни кои пријатно ве изненадуваат, независно од тоа дали пешачите, возите, или тренирате. Во моментот кога ќе ја искусите целосната моќ, искрено се сомневаме дека би сакале да се навратите на стандардните методи на преслушување музика. 15 денари дневно можеби и не е многу?

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] Во случај да не сакате децата константно да бидат бомбардирани од реклами, би можеле да размислите и за претплатата YouTube Premium. За бројните предности, пишувавме тука. […]

Бошко
Бошко
5 years ago

Сте слушнале за YouTube Vanced?