Cortana ќе биде интегрирана во Office

Avatar img-thumbnail img-circle

во Софтвер

Се сеќавате на спајалицата-помошник Clippy која досаѓаше во постарите верзии на Microsoft Office? Можеби сега ќе видиме подобрена верзија на тој асистент. Microsoft тестира интеграција на гласовниот асистент Cortana во програмскиот пакет, и иако Work Assistant за сега е прототип, компанијата планира да ја интегрира Cortana во Office пакетот за сите платформи, извести Verge.

За сега Work Assistant им овозможува на корисниците на Windows Phone поедноставна функционалност на Office пакетот. Доколку се задржи моменталната функционалност, Cortana преку гласовни команди ќе може да отвора фајлови, да ги промени или да ги сподели ако е потребно. Cortana ќе биде потполно интегрирана во Windows 10 и во новиот прелистувач Spartan.

Тоа што ќе биде интересно е да видиме како ова ќе се одрази на Office пакетите на iOS и Android и дали Apple и Google ќе дозволат какво такво појавување на гласовниот асистент на Microsoft на своите платформи. Извори на Мери Џо Фоли од ZDNet, која е добро информирана кога е во прашање Microsoft, велат дека ќе постои каква такава интеграција и за овие платформи, иако, барем засега, нејасно е дали ќе биде Cortana или Work Assistant.

[youtube]Hg8mjR1TCNs[/youtube]

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk