Control беше едно од најпријатните изненадувања годинава. Мајсторите зад Alan Wake и Max Payne произлегоа со интересна интерактивна акција, со уникатна приказна и гејмплеј механики тешко инспирирани од сега-заборавените Second Sight и Psi-Ops: The Mindgate Conspiracy. Но, иако играта заврши со многу нерасчистени работи, тоа не значи дека работите ќе останат на такво збунувачко рамниште. Имено, Remedy планираат неколку бесплатни додатоци и пар од платежни експанзии.
Првото нешто што ќе дојде за играта photo mode, односно режим за олеснето фотографирање и можности за негување на селфи аспирациите. Режимот се планира на есен, а во декември ќе произлезе уште еден, бесплатен режим каде ветераните ќе можат да ги продолжат нивните истраги со експедиции. Па така, на началникот за безбедност Ариш ќе мора да му помогнете во истражување на целосно нова област, подразбирливо со арсенал од најдобрата опрема и моќи.
Двете платежни експанзии ќе излезат во новата година, а нивните имиња се The Foundation и AWE.
Во The Foundation ќе бидете пратени под бирото, а во AWE ќе отпатувате во истражувачкиот сектор и ќе бидете вмешани во настани поврзани со изменетиот свет. Втората експанзија делува исклучително интересна и веќе привлече лавина од претпоставки кои сите алудираат на еден вид кросовер со Alan Wake играта. The Foundation ќе излезе на почетокот на новата година, а AWE во средината на 2020 година.