0 коментари 1 мин. читање 2 мај, 2018

CoinMarketCap издаде iOS апликација

Омилената дестинација на дел од ентузијастите кога криптовалутите се во прашање, CoinMarketCap, има добра вест. Сервисот конечно издаде апликација која доаѓа со редизајн на целиот сервис.

Апликацијата ќе го овозможи истото што и веб сервисот, следење на цената на крипто валутите. Секако ова значи дека крипто валутите може да се подредат по секоја категорија: име, цена, промена во 24 часа и слично.

Можеби единствената лоша вест е што апликацијата е достапна единствено за iOS.

CoinMarketCap постои веќе 5 години, а ова е прва поголема помена со која платформата се обидува да заработи на сервисите кои ги нуди. За дел од корисниците на други апликации можеби ќе биде поинтересно да се види дали CoinMarketCap ќе ја ограничи употребата на своето API. Огромен дел од апликациите што овозможуваат следење на цените на крипто валутите го користат апито на CoinMarketCap, вели TechCrunch.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top