Постојат илјадници апликации за потсетување, ако не и повеќе. Веќе веста за нова апликација за потсетување некако како да неможе да возбуди, но ве уверувам дека оваа апликација заслужува повеќе. Потсетник апликација најдобро одговара со форматот на мобилните уреди, но досега целосниот дизајн на апликацијата не го отсликуваше тоа.
Кога сакате да наместите потсетник на вашиот мобилен уред, тоа сакате да го направите најбрзо што може, на наједноставен начин. Ако сте љубител на гласовни потсетници, тие можат да дозволат слична функционалност и брзина како и Clear, но тие не се секогаш јасни и може самата порака да не се слуша.
Кога се работи за напишани потсетници, Clear владее. Интуитивен едноставен дизајн, со многу кратко упатство на почетокот е се што ќе ве пречека на првото користење на Clear. Постојат неколку интуитивни начини како да избришете веќе завршена порака, да штипнете за да се создаде нова или да се вратите на предходната папка на потсетници, така да ќе може да си изберете кој ви е наједноставниот начин да ја користите апликацијата.
[youtube]S00H-rz7fGo[/youtube]
Насоката во иновативност на дизајн на кориснички интерфејс во која се движи Clear дефинитивно претставува насоката во која и другите апликации за секојдневна употреба ќе почнат да се движат, одкако ќе ги забележат практично предностите што произлегуваат од ваков дизајн.








Баш пред некој ден ја земав, одличен дизајн, ама требале да стават и reminder со време и push нотификации. Вака ми е прилично нефункционална
дефинитивно, се надевам во следните апдејти ќе биде тоа присутно. Вака мора навика човек да си направи да го отвара :]