6 коментари 2 мин. читање

Chrome ќе го надмине Firefox до крајот на декември

Според компанијата за веб статистики StatCounter, Google Chrome до крајот на декември би можел да го надмине Mozilla Firefox, и да настане вториот најпопуларен веб прелистувач во светот. Google Chrome уште во јули веќе го надмина Firefox во Велика Британија, а уште малку и во целиот свет.

Според  >StatCounter, ирска компанија која ја следи употребата на веб прелистувачи користејќи ги аналитичките алатки кои ги нуди на веб сајтовите, просечната глобална употреба на Google Chrome во септември изнесувала 23,6 отсто, Firefox 26,8 отсто, додека Internet Explorer просечно бил употребуван 41,7 отсто.

Употребата на Google Chrome пораснала дури за 50 отсто во 2011 година. Во истиот период употребата на Firefox опаднала за 13 отсто, додека употребата на Internet Explorer опаднала за 9 отсто. Ова значи дека сите што се откажуваат од Firefox и Internet Explrorer преоѓаат на Google Chrome. Доколку овој тренд продолжи, во ноември би требало Chrome да се изедначи со Firefox, а во декември да го надмине, со 26,6 отсто наспроти 25,3 отсто.

Во Македонија Chrome веќе го надмина Firefox и продолжува да го освојува македонскиот пазар. Од август до сега, според посетите на IT.com.mk, мерени по Google Analygics, Google Chrome го користат 3% повеќе посетители, односно 49,41 отсто од посетите се преку тој прелистувач, додека 39,51 отсто од посетите дошле од Mozilla Firefox. Internet Explorer е на трето место со минимални 5,20 отсто од посетите на IT.com.mk. Opera e на четврто со 4,05 отсто.

Напишано од

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Коментари

6 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top