Chrome е брз колку компир исфрлен од топ

во Софтвер

„Со подобрувањата во брзината, направивме и серија на конвенционални тестови за прелистувачот. Додека V8 и SunSpider бенчмарковите си имаат свои предности, сакавме да направиме повеќе мерејќи ја брзината на прелистувачот. Ова е најавата од тоа што направивме. Резултатите ќе ги објавиме утре.“ пишува инжинерскиот тим на својот блог.

Новиот Chrome освен што е „најбрза верзија со 30 до 35% подобрување во V8 и SunSpider бенџмарковите“ има и неколку нови опции како: синхронизирање на одбележувачите (bookmarks) на различни компјутери преку Google кориснички профил, синхронизирање на опциите, како темите, почетните страни и јазикот. Исто така додатоците за прелистувачот ќе функционираат и во „инкогнито“ модот за приватност. Ќе има нови HTML5 сервиси како геолокациски API, веб сокети, повлечи-и-спушти можности…

Гледајќи ги сите овие подобрувања, и лудите експерименти кои ја демонстрираат брзината, не е ни чудо што Google Chrome е единствениот прелистувач кој се искачува на пазарот. Најновите податоци на NetMarketShare покажуваат дека Chrome се искачи на 6.7 отсо користеност во април, додека Firefox кој се очекуваше да го „победи“ Internet Explorer стагнира на 25%. Секако Internet Explorer останува кралот на прелистувачите со 59% отсто од пазарот, но од друга страна ова е најнискиот негов процент!

Добивај известувања
Извести ме за
guest
4 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
@ivan1real
11 years ago

Нека дојдат кога ќе го поминам лимитот, цел ручек ќе напраат.

Daniel Janev
11 years ago
Reply to  @ivan1real

добра :) дури помфрит и за вечера ќе им остане

@MusicFreak666
11 years ago

Тотално се согласвам со Александар. Кај нас не можи ваков тест да се напрај,

Aleksandar
Aleksandar
11 years ago

Ova e reklama za dobra internet konekcija vo stranstvo ili za Google Chrome? Mislam kako i da e, koga istiot ovoj internet browser (ili koj bilo drug) go testirame na nasite lokalni kabelski internet provajderi sigurno nema da gi dobieme ovie rezultati. Kako i da e, Chrome ima najubav i najpregleden interfejs.

види ги сите огласи на kariera.it.mk