Captchas станаа толку тешки што речиси и не се корисни

Avatar img-thumbnail img-circle

во Веб

За да стави крај на интернет сообраќајот од роботи Google пред неколку години ги воведе Captchas. Едноставни слики на кои имаше текст кој роботите не можеа да го пронајдат или прочитаат.

Google ги менуваше алгоритмите и тие стануваа пософистицирани, тестовите се менуваа. По неколку години од внесување на текст се префрливме на „не сум робот“ копче и пронаоѓање на предмети на фотографија.

Но, сега поради напредокот на вештачката интелигенција, Google тестира и други промени. На пример брзина на клик, селектирање на „не сум робот“ или селектирање на полињата.

Вештачката интелигенција е подобра од луѓето во решавањето на Captcha веќе 5 години. Тестовите на Google во 2014 година покажаа дека алгоритмите ги препознаваат текстовите на извртените слики во 99,8 случаи. Луѓето само 33%. Дури и копчето „не сум робот“, заштита со која Captcha го следи однесувањето е без проблем.

Најнови промени на кои се работи се креирање на Captcha игри. Станува збор за едноставни промени кои треба да се направат на „сликите“ за точен одговор. Луѓето бидејќи имаат предзнаење надвор од системот би ги надминале овие проблеми, а машините не би требало да можат да се снајдат.

Google работи на Captcha v3. Оваа верзија всушност ќе го следи однесувањето на корисникот и неговото движење по интернет. Ботовите и луѓето имаат различен пат на интернет, но следењето на луѓето иако можеби е ефикасно за детекција е сериозен проблем за приватноста.

Интересно, веројатно најдобриот Captcha функционира обратно, наместо точен одговор бара неточен. Amazon има патент кој се базира на сложени оптички илузии и логички прашања кои се тешки за луѓето. Наместо точен одговор, како показател за „луѓето“ ќе се користи погрешен одговор вели Verge.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk