Burger King во Русија лансираше сопствена крипто валута

WhopperCoin e името на најновата крипто валута. Станува збор за валута која ќе ја користи ланецот ресторани за брза храна Burger King во Русија.

Посетителите на рестораните ќе добиваат по еден WhooperCoin за секоја рубља потрошена во ресторанот. Кога корисникот ќе собере 1.700 парички ќе може да ги потроши на еден Whooper сендвич. За бесплатен сендвич корисниците ќе треба да потрошат 24 евра. Цената на сендвичите е над 4 евра, па секој петти или шести сендвич би бил бесплатен.

Дополнително, сопствениците на WhopperCoin не мораат да купуваат сендвичи со парите. Можат да тргуваат да ги продаваат, купуваат или да ги чуваат, пренесе BBC.

„Сега Whooper е единствениот бургер кој не само што е омилен во 90 држави – туку е и инвестициска алатка. Според предвидувањата, криптовалутата ќе расте експоненционално. Јадењето на Whooper денес, е стратегија за финансиски просперитет утре“, вели Иван Шестов од Burger King Русија.

До крајот на следниот месец компанијата ќе издаде iOS и Android апликација за дигиталните монети.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments