3 коментари 1 мин. читање

Британска пекара изгуби пари поради преголем интерес за попуст на Groupon

Британската Need a Cake пекарница беше под опсада откако понуди 75 отсто попуст на своите колачи на Groupon. Mалата пекара со 8 вработени морала да вработи уште луѓе и да обезбеди уште ресурси за да ја исполни побарувачката. Пекарата изгуби 12.500 фунти, што би е всушност профит за една година.

„Тоа беше најлошата бизнис одлука што ја имам донесено“, вели сопственичката Рејчел Браун.

Need a Cakе понудиле зделка на Groupon од 12 колачиња со избор на вкус и дизајн за 6,50 британски фунти, иако нормалната цена е 26 фунти. Бидејќи немало одредено лимит на нарачки, зделката привлекла 8.500 нарачки што е многу повеќе од просечните 100 нарачки за месец што ги има пекарата.

„Имавме илјадници понуди доаѓајќи од сите страни за кои што не очекувавме да ги имаме. И поголема компанија од нас ќе имаше проблем со нарачкиве.“, вели г-ѓа. Браун.

Приказнава е интересна бидејќи уште еднаш покажува дека групните попусти преку веб донесуваат до масовна пoбарувачка. Ваква масовна побарувачка може да се види и во Македонија, односно кај македонските сервиси за групно купување како Grouper.mk, Kolektiva, Грабни попуст и слични такви, каде доколку понудата е евтина и со голем попуст тогаш ќе привлече и голем број на нарачки.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top