0 коментари 2 мин. читање 16 октомври, 2017

Борбата на џиновски роботи е најкул настан оваа недела

Добри вести за сите! Оваа недела конечно ќе се одржи закажаната борбата на џиновски роботи. Роботот изработен од MegaBots на 17 октомври, ќе се пресмета со роботот изработен од Suidobashi.

Ова е прв ваков настан во кој производители од САД и Јапонија ќе се натпреваруваат кој го има најдобриот робот. Засега учествуваат овие два производители, со единствено два роботи. Секако ако има поголем интерес во иднина ќе има и повеќе учесници и повеќе роботи.

Инаку кога димензиите се во прашање навистина станува збор за вистински титани. Американскиот робот Eagle Prime е висок 5 метри и тежок 12 тони. Јапонскиот робот е подеднакво импозантен, Kuratas е висок 4 метри и тежи 6.5 тони. Одговорот на тоа дали поголемиот и потежок робот е подобар избор од полесниот и поагилниот, ќе дознаеме наскоро.

Секако, ваквите борби главно се направени за забава, но и вака можат да придонесат за поголем интерес кај луѓето.

Борбата по македонско време ќе се одржи рано наутро во 4 часот на 18 октомври. Сите кои се заинтересрани ќе можат да го следат настанот во живо преку Twitch.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top