BlackPhone e телефонот кој на своите корисници им гарантира приватност, и телефон кој наскоро ќе ја доживее и својата втора верзија, Blackphone2. Покрај новиот телефон, најавен е и првиот таблет компјутер BlackPhone+.
Станува збор за телефон кој доаѓа со PrivatOS верзија на Android од која се отстранети буквално сите можни безбедносни пропусти, велат од Silent Circle, компанијата зад телефонот. За сега нема премногу податоци за новата верзија на телефонот, но тоа што е познато е дека телефонот доаѓа со побрз процесор, повеќе RAM меморија, батерија со поголем капацитет и поголем дисплеј, јави The Next Web.
За сега не е потполно јасно дали ќе има нова верзија на PrivatOS, со оглед на тоа дека моменталната е базирана на Android 4.4 KitKat. Покрај ова дел од услугите кои ги нуди моменталниот екосостем без сомневање остануваат, дел од нив се Friend and Family, Disconnect VPN, и SpiderOak складиштето на податоци. Податоците на телефонот и на microSD картичките се криптирани, а веб пребарувањето освен на DuckDuckGo оди сега и преку Disconnect VPN. Телефонот преку Silent Phone и Silent Text овозможува криптирани разговори и текстуални пораки. Новитет е Spaces кој овозможува поделба на личниот и компанискиот профил, но дополнително овозможува целосно бришење на профилите.