0 коментари 2 мин. читање 15 ноември, 2011

BlackBerry со нов телефон и оперативен систем?

The Verge објави фотографија на која се гледа нов BlackBerry паметен телефон кој го користи новиот оперативен систем BBX. Паметниот телефон кој се наоѓа на фотографијата го носи името „Лондон“ и на пазарот би требало да се појави во јуни 2012.

Research In Motion минатиот месец најави нов оперативен систем кој ќе им овозможи на програмерите полесно да креираат апликации за нивниот PlayBook таблет компјутер, како и за паметните телефони. Станува збор за оперативниот систем ΒΒΧ, кој е всушност комбинација од досегашниот оперативен систем на кој работат BlackBerry телефоните и новиот QNX оперативен систем наменет за PlayBook таблет компјутерите.

Според изворите на The Verge, станува збор за телефон кој ќе има дуал кор процесор од 1,5 GHz, 1 GB RAM, 16 GB слободен простор, камера со 8 мегапиксели, и предна камера со 2 мегапиксели. Според порталот, „Лондон“ би бил со иста големина како и Samsung Galaxy II, но потенок од iPhone 4.

Во меѓувреме, истиот ден кога Verge ја објави фотографијата, RIM одржаа прес конференција на која ги претставија новите BlackBerry Bold 9790 и BlackBerry Curve 9380 телефони.

Напишано од

Мартин Јовчески

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top