Биткоин има најниска цена по повеќе од една година

Цената на биткоин е на најниско ниво по навистина подолг период. Крипто валутата падна под 5.000 долари, а последен пат била олку ниска во октомври минатата година. Во моментов цената продолжува да паѓа и е 4.528 долари.

Секако секој пад на биткоин значително влијае на вкупната цена на крипто валутите и тоа секако е случај и сега. Најверојатно главната причина за падот е намалениот ентузијазам на поддржувачите и речиси постојаните најави за регулација. Дополнително, дел од ICO стартапите со измами го проблематизираа инвестирањето.

Новата валута Bitcoin SV која излезе од поделба на BitcoinCash е оценета како ризична инвестиција дури и од берзата Kraken, пренесе BBC.

„Крипто кланицата продолжува. Се чини дека ќе биде и полошо. Кој е поттикот за купување? Изгледа дека пазарот ќе го удри дното“, вели Нил Вилсон, аналитичар во Markets.com.

Ако не се сеќавате, пред околу една година цената на биткоин ја достигна рекордната вредност од 19.783 долари. Оттогаш речиси постојано паѓа и сега изгуби над 75% од својата вредност тогаш.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments