За прв пат оваа година најпопуларната крипто валута биткоин падна на 5 825 долари. Ова секако немаше да биде трагично ако пред само нешто повеќе од шест месеци вредноста не беше 20 000 долари. Претходно најниската вредност годинава беше 6 000 долари.
Генреално падот на биткоин и не е лош за криптовалутата. Основната идеја е со нив да се тргува, а не да се трупаат и чуваат. Поради ова, биткоин иако замислен како платежно средство не можеше да се користи за плаќање. Наместо ова, биткоин почесто беше користен како акции од вредност, можеби и поради променливата вредност на валутата.
На подолг временски период, можеби и има причина за оптимизам. Пред само една година истиот периoд во јуни биоткоините чинеа 2 500 долари. Сепак падот од 75% (ако биткоин заврши на 5 000 долари) е огромен. Експертите проценуваат дека има две граници на кои би можела да се задржи цената. Првата од 5 700 е речиси достигната, втората е 4 800 долари и проценките се дека нема да биде достигната со сегашниот распоред. Конечната граница е 3 300, долари, велат од ambcrypo. Aко падне под ова никој не се осмелува да прогнозира што би се случило.
Секако ова не е крај за биткоин, но поважно секако не е крај за блокчејн технологијата која ги овозможи овие крипто валути.