Бидете внимателни со нелегалните спортски стримови

Најголем дел од сајтовите кои споделуваат стримови од спортски натпревари не се безбедни, и ги таргетираат личните податоци на корисниците, се вели во истражувањето на Стоун Брук Универзитетот, кое го сподели BBC. Во него се вели дека речиси половина од сервисите за стрим го заразуваат компјутерот на посетителите со малициозен софтвер.

Истражувачите испитале над 5.000 домени и најголем дел од нив не само што инсталираат софтвер за презентирање на реклами, туку дел од софтверот им овозможува на напаѓачите да дојдат до контрола врз компјутерот, телефонот или таблет компјутери. Подеднаква опасност се и екстензиите кои овозможуваат пристап до стрим од легитимни извори.

Затворањето на овие сајтови не помага, бидејќи корисниците едноставно се префрлаат од еден на друг агрегатор, а по забраната сервисите речиси веднаш се префрлаат од еден на друг домен. Она што е интересно е дека 25 отсто од стримовите доаѓаат од сервери во Белизе, а стримовите во најголем дел се од Белизе, Швајцарија, Холандија, Шведска и Канада.

Најверојатно решение за илегалните стримови ќе дојде во форма на некоја диструптивна технологија која ќе овозможи споделување на фудбалски натпревари легално и поевтино. BBC шпекулира со сервис како Spotify, но за фудбал, иако констатира дека превисоката цена за емитување на спортски натпревари е сериозен проблем за развој на ваква технологија. Сепак од оваа технологија најверојатно ќе бидат задоволни сите, и сопствениците на правата ќе бидат исплатени, и гледачите ќе имаат поквалитетен и безбеден стрим.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk