Бидете анонимни на интернет со Privatix

Секој пат кога сте на интернет оставате бројни траги кои ја загрозуваат вашата приватност и можат да бидат експлоатирани во безброј сценарија; ниедно од нив не е добро зa вас. Поради тоа, она што обично се препорачува, барем во ситуации кога сакате да ја задржите вашата анонимност е да користите VPN односно виртуелни приватни мрежи (Virtual Private Network) за да ја замаскирате вашата географска локација, да пристапите кон регионално заклучени сајтови и услуги, но и да ја заштитите вашата WiFi.

Privatix, се разликува од вообичаените VPN по неколку исклучително важни работи. Покрај стандардните инсталациони верзии за Windows и Mac, Android и iPhone, достапна е за Firefox, Chrome и Opera, се инсталира директно во некој од прелистувачите како екстензија и не бара ниту додатен софтвер, ниту пак надворешни регистрации. Да бидат работите уште подобри, алатката е целосно бесплатна доколку се користи за прикривање на вашата локација и нејзино прикажување во четири други држави, како Холандија, Соединетите Држави, Обединетото Кралство или Сингапур.

Во случај да сакате да уживате во луксузот за прикажување на вашата локација од некои други држави, потребна е финансиска посвета од 60 долари годишно (или 10 долари на месечно ниво). Дури и да одите со бесплатната верзија, не би погрешиле многу затоа што анонимното сурфање и понатаму е возможно, како и опциите за исклучување flash, забрана на WebRTC да ја прикаже вашата IP адреса, но и автоматско исклучување VPN на одредени сајтови.

Она што можеби највеќе нѝ се допаѓа со Privatix е тоа што сè е едноставно и со исклучително ниски шанси да предизвика фрустрации, дури и со најголемите почетници кои по прв пат запливуваат во мрежите на виртуелната приватност.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
1 Коментар
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] вашата локација, но и активности, користете VPN, како Privatix. Или, зaштитете ја вашата приватност без да користите […]

види ги сите огласи на kariera.it.mk