0 коментари 2 мин. читање 9 октомври, 2015

Постои безбедносен систем коj ги неутрализира дроновите во лет

Три британски компании работат на безбедносна технологија која може да ги блокира сензорите на беспилотните летала, а со тоа и да заштити некој регион од љубопитните очи, како и од сите останати непријатности и опасности кои доаѓаат со дроновите. Системот ќе го спречи управувањето со возилата над областа која е заштитена и во вакви случаеви операторот најверојатно ќе помисли дека дронот престанал да функционира и ќе оди да го земе назад. Трите компании кои соработуваат на технологијата се Enterprise Control Systems, Blighter Surveillance Systems и Chess Dynamics.

Системот е наречен Anti-UAV Defense System (Auds), а основните принципи на работа се едноставни. Кога Anti-UAV ќе забележи беспилотно летало над зона за која се забранети летовите ќе го насочи радарот на Auds и термалната камера, и штом леталото биде детектирано, со помош на моќен радио сигнал ќе го онеспособи. „Синалот насочен кон беспилотното летало е моќен – толку моќен што леталото може да го слушне единствено сигналот на Auds,“ објаснува Пол Тејлор од Enterprise Control System за ВВС. Технологијата веќе започнува со тестови, а според информациите првите тестови се започнати во Британија, САД и Франција.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top