Безбедносен пропуст на Google+ е опасност за сите корисници

Image courtesy of Google

Google+ не само што е напуштен, туку оваа недела ќе биде извор на главоболки за Google.

Од 2015 година до март оваа година девелоперите кои имале пристап до сликата на профилот на Google+ имале пристап до куп податоци на корисникот и на неговите пријатели. Дел од податоците се: име и презиме на корисник; имејл адреса; дата на раѓање; пол; профилна фотографија; места на живеење; професија и податоци за врска. Податоците биле споделени без разлика дали корисникот ги оставил да бидат јавно достапни или не, јави Wall Street Journal.

Одлука на Google е Google+ во следните 10 месеци биде затворен. Во овој период корисниците имаат време да си ги преземат своите податоци, а G+ ќе биде префрлен како „ентерпрајз“ производ, вели TechCrunch.

Компанијата одлучила дека нема да ја извести јавноста за скандалот, а за ова бил известен Сундер Пичај. Сепак Google нема податоци дека некој од девелоперите некако ги злоупотребил овие податоци.

Ако ви звучи познато, приказната прилично наликува на приказната на Facebook и Cambridge Analytica. Секако одењето на Google пред сенатот е речиси извесно.

Речиси истовремено со оваа вест Google го објави Project Strobe. Станува збор за низа мерки кои за заштита на податоците на корисниците кои корисниците им ги довериле на Google. Ова се однесува над дел од сервисите како Mail, но и на податоците споделени преку Android.

Компанијата објави неколку мерки:

  • Компанијата барем привремено ќе ја затвори Google+ верзијата за потрошувачи. Можеби главна причина за ова е што употребата е незабележителна, а 90% од сесиите на платформата се покуси од 5 секунди.
  • Додадавање на нова подетална контрола за дозволите во Google Account. Според најавата, секоја согласност која треба корисникот да ја даде сега ќе доаѓа посебно. Досега апликациите ги покажуваа сите согласности на еден екран, на куп.
  • API-то на Gmail ќе биде достапно исклучиво за подобрување на функционалноста на Gmail.
  • Дозволи за пристап до SMS, контакти и телефон на Android ќе имаат единствено апликациите кои се примарен сервис за овие услуги.

Ова се првите промени кои ги најави Google и кои ќе бидат први достапни. За следните неколку месеци компанијата најавува нови.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk