Пандемијата која се шири низ светот затвори многу библиотеки. Како ефикасна стратегија, барем во олеснување на пристапот кон книги, Интернет Архивата ја лансира National Emergency Library.
Во оваа дигитална библиотека се суспендирани сите листи на чекање и секој може да започне со неограничено и инстантно листање на над 1.4 милиони дигитализирани книги. Се работи за книги кои обично се користат на факултети, книги кои се прилично скапи и се достапни само во печатена форма.

Книгите ќе можете бесплатно и без клучните рестрикции да ги користите до 30 јуни, под услов да се среди ситуацијата со пандемијата.