Првиот српски електричен автомобил Axios има домет од 140 километри со наполнета батерија; максимална брзина од 60 km/h, и првите 12 автомобили ќе се продаваат од септември, јави Novosti. Цената на електричниот автомобил нема да биде повисока од 10.000 евра, а според првите податоци автомобилот ќе наликува на кинескиот автомобил Panda.
Автомобилот се склопува во Србија, но најголем дел од деловите доаѓаат од Кина. Иако креаторот ЕКО Србија, вели дека би сакале барем каросеријата и моторот да бидат произведувани во Србија, за што стартуваше преговори со неколку компании кои би можеле да и помогнат во потфатот. Моторот доаѓа со бесплатна лиценца од италијанска компанија, која соработува и со Suzuki. Автомобилот може да се полни од обичен приклучок и времето за полнење е 8 часа, а за 60 отсто од капацитетот на батеријата доволни се два часа.
Ова не е прв влез на електрични автомобили во Србија. АМСС веќе преработи едно Punto Classic во електричен автомобил, а иноваторот Славко Вујовиќ и меѓународната групација IEEG веќе го најавија првиот електричен автомобил кој во целост ќе биде произведен во Србија.