Aвтономните возила на Google повторно се вмешани во сообраќајки, и повторно луѓето беа криви

во Свет

Автономните возила на Google повторно се дел од сообраќајна незгода и повторно се одговорни луѓето-возачи на другите возила, објави Google. Компанијата во месечниот извештај за јуни вели дека во јуни возилата биле дел од две сообраќајни незгоди едната на 4 јуни, а другата на 18 јуни. Тоа се вкупно 13 сообраќајни несреќи во кои е инволвирано роботското-возило на Google во последните неколку години. Но, сите сообраќајки се мали, и сите се предизвикани од човечки фактор.

Во двете незгоди учествуваше Google Lexus автономното возило, а двете незгоди се со помали оштетување и при минимална брзина помала од 8 километри на час. Во двата случаи возилот на Google запрело повеќе од 10 секунди пред незгодата, но автомобилите управувани од луѓето не успеаа да запрат навреме. Месечните известувања за автономните автмобили доаѓаат под притисок на регулаторите кои бараа постојани и навремено известување од Google за учеството во сообраќајот. Коимпанијата им излезе во пресрет и пред еден месец креираше веб страна на која ги објавува месечните извештаи.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments