0 коментари 2 мин. читање 26 март, 2015

Автомобил кој ќе ви ја ограничува брзината според знаците? Ford веќе работи на таков проект

Ford работи на паметен автомобил кој ќе може да ги чита податоците и самостојно да ја адаптира брзината според ограничувањата на знаците кои се покрај патот, јави ВВС. Активирањето на технологијата се прави преку воланот, а при нагло притискање на педалата за забрзување се прекинува автоматското регулирање на брзината. Чекор понатаму, автомобилите во иднина треба да бидат поврзани помеѓусебе преку интернет, па доколку автомбилот пред него започне да забавува, брзината автоматски ќе биде прилагодена на условите на патот. Ова би бил првиот чекор кон автономни автомобили, но за жал во моментов сме далеку од оваа технологија.

Технологијата е комбинација од две други технологии кои се веќе достапни во најголем дел од поновите автомобили. Прилагодив лимитер на брзина и технологија која ги препознава сообраќајните знаци. Правата може да ја прилагоди брзината со намалување на количеството на гориво врз основа на податоците од сензорите кои се наоѓаат на тркалата на автомобилот. Втората технологија е сензор кој овозможува препознавање на сообраќајните знаци и е имплементирани преку сензор/камера која скенира знаци и го известува возачот откако ќе ги детектира.

„Постои план ограничувањето на брзината да биде испратено до компјутерот на автомобилот и брзината да биде контролирана тука, наместо да бидат прибирани од знаците на патот преку сензори“, вели Пол Њутон аналитичар на автомобилската индустрија. Тој е противник на технологијата која сака да ја имплементира Ford, бидејќи смета дека може да биде своевидна кочница за подобри автономни автомобили. Ford ќе започне да ја вградува оваа технологија на S-Max моделот, кој започнува со продажба во август, но најавата е дека во иднина би можела да се имплементира на повеќе модели кои ги произведува компанијата.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top