Автоматско прескокнување Youtube реклами со YouTube Auto Add skipper

За да креаторите на YouTube содржини добијат некој денар, потребно е да вметнат можности за реклами. За гледачот, таквото нешто знае да биде исклучително фрустрирачко и да го загрозува севкупното искуство, но, од друга страна, доколку рекламата оди барем 30 секунди, авторот на YouTube содржината добива финансиско охрабрување да продолжи и понатаму со креативната пракса. Знаејќи го ова, етички-поткованиот YouTube корисник се наоѓа во независна ситуација и се наоѓа растргнат помеѓу желбата што побрзо да дојде до саканата содржина и желбата да го награди авторот.

YouTube Auto Add skipper е екстензија за прелистувачот Firefox која се труди да го извлече најдоброто од двата света и автоматски прескокнува реклами по првичните 30 секунди – времето кое е потребно за да креаторот биде платен. Згора на ова, рекламата секогаш почнува со исклучен тон, a висината на тонот повторно се враќа на нормална по скокнувањето на рекламата.

Подразбирливо, корисниците кои се оперирани од вакви етички размислувања би можеле да одат со малку подрастични мерки, во форма на Adblock Plus или uBlock Origin.

За стоп на истите, здодевни реклами на YouTube, како и пар други корисни совети кликнете тука, а доколку сакате да читате коментари додека гледате YouTube видеа – тука!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk