Apple планира два нови iPhone модели со поголеми екрани

во Мобилни

Apple планира да издаде два поголеми телефони во 2014, велат извори за Wall Street Journal. Едниот модел ќе биде со екран од 4,5-инчи кој најверојатно ќе биде iPhone 6, но ќе има уште еден модел со екран поголем од 5 инчи. Оваа година компанијата ќе се откаже од C-серијата, која требаше да биде поевтина берзија на iPhone, но се чини дека никој не е задоволен од тој модел. Двата нови телефони ќе дојдат со метално куќиште наместо пластиката на 5C.

Засега единствено помалиот од двата телефони се подготвува за производство. Плановите на компанијата не се финални и телефоните може во секое време да се променат. Засега се чини дека единствено сигурно е дека Apple ќе ги издаде новите телефони во втората половина на годината.

Ова не е првпат да се „шушка“ за iPhone со поголеми димензии. Во ноември Bloomberg и WSJ излегоа со вест дека Apple работи на 5.7-инчен и 4.7-инчен телефон со кој ќе се обиде на пазарот со поголеми уреди, каде засега главен збор имаат Samsung со Galaxy S4 и Galaxy Note 3.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments