0 коментари 2 мин. читање 10 февруари, 2014

Apple iOS 7.1 најверојатно ќе дојде во март

Apple се подготвува за првата надградба на iOS 7 оперативниот систем многу порано отколку се претпоставуваше. Финалната верзија на надградбата на оперативниот систем ќе биде достапна на почетокот на март, а постоечката бета верзија е последната која ќе биде издадена, велат извори на BGR.

Конечната верзија нема да има изненадувања и ќе биде конечна верзија на бета оперативниот систем без дополнителни промени. Покрај помалите промени на интерфејсот и подобувањата на Siri за неамериканскиот пазар, iOS 7.1 ќе поправи дел од посериозните проблеми како ненадајните рестартирање, бавните анимации при вклучување на дел од апликациите и паѓањето на апликациите Надградбата на iOS 7 е во својата петта верзија која им е достапна за преземање на девелоперите. Дел од корисниците имаат забелешка дека надградбада мораше да дојде многу порано, со оглед на тоа дека рестартирањето на телефонот и паѓање на апликациите не се проблеми на кои се навикнати корисниците на iPhone.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top