1 коментар 2 мин. читање 11 јуни, 2012

Apple го претстави iOS 6 со подобар Siri и подлабока Facebook интеграција

Apple на WWDC конференцијата ја претстави новата верзија на мобилниот оперативен систем iOS 6 кој ќе им биде достапен на корисниците на есен.

Новините се од подлабока интеракција до подобар говорен личен асистент. Siri сега може да стартува апликации, да твита, да извлекува спортски резултати и е интегриран со Yelp и OpenTable за да влече кориснички критики за ресторани, и Rotten Tomatoes за филмски рецензии, и ќе биде достапен за новиот iPad.

Што се однесува до Facebook интеграцијата, која што ја најави и Тим Кук пред некоја недела, таа ќе биде слично како интеграцијата со Twitter во претходниот iOS 5. Корисниците ќе можат, откако се логираат на iOS профил, да пристапат до Facebook преку апликации, прелистувач или со Siri. Facebook контактите и родендените ќе бидат синхриронизирани со календарот на iOS 6.

Позначајна новина е што Apple веќе нема да користи Google Maps, туку претстави свој Apple Maps. Mапите на Apple se интегрирани со Yelp, имаат излистано 100 милиони локални бизниси, има навигација низ сообраќај. Од останатите нешта што беа претставени тука е подобрена апликација за повици преку која сега може да се поставуваат потсетници, да се прати порака наместо да се одговори на повик, да се намести телефонот да не ве вознемирува.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
тити
тити
14 years ago

windows phone 7 ова го имаше без никаков апдејт, а недај боже во цела ваква верзија да дадат вакви глупости. Никогаш нема да го купам. За разлика од епл дечината

Мени
Заедница
Изглед
To top