0 коментари 2 мин. читање 9 јануари, 2013

Apple (дефинитивно) размислува за поевтин iPhone

Во тек се планови за како да се направи поевтин iPhone, велат анонимни извори кои се блиски до Apple за Wall Street Journal. Аpple работи на ваков телефон со години, и претходно сме пренесувале вакви вести, но сега, според WSJ, се доближува до моментот кога ќе може да го реализира, произведе и продаде. Според изворите би требало да се појави до крајот на годинава.

Поевтиниот iPhone ќе биде налик на своите претходници. Ќе го има истиот дизајн. Сигурно ќе биде перфектно изработен, не се сомневаме кога е Apple во прашање, но ќе биде изработен со малку поразлични материјали. Наместо алуминиум, ќе се користи пластика. Apple сака да ја намали цената со поевтиниот материјал, наместо да штети на клучните компоненти кои придонесуваат кон перформансите на телефонот. Според изворите на WSJ, некои делови ќе бидат рециклирани од постарите iPhone уреди.

Изворите исто така додаваат дека Apple ако не најде добро решение, би можел многу лесно да се откаже од поевтиниот iPhone. Но, идеално би било за Apple да се обиде да го освои пазарите во развој, и да го претстави својот бренд на корисниците кои не можат да си дозволат „high-end” уреди.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top