0 коментари 1 мин. читање 12 јуни, 2012

Apple App Store има 400 милиони профили и 650.000 апликации

Аpple на WWDC ги откри фасцинантната статистика за нивната продавница на апликации која сега ја користат 400 милиони корисници кои ја споделиле својата кредитна картичка и се само клик-два одалечени да ги потрошат парите на една од 650-те илјади објавени апликации.

До сега апликацииите се симнати околу 30 милијарда пати. Неверојатна бројка. Но, уште поневеројатната бројка е што Apple до сега исплатиле 5 милијарди долари на програмерите за нивните апликации. Ова бројка само се надоврзува и го потврдува неодамнешното истражување на Flurry дека програмерите ја преферираат iOS платформата.

Според директорот на Apple, Тим Кук, овие бројки ќе продолжат да растат, посебно сега кога App Store ќе биде достапен во 152 земји, наместо како до сега во 120.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top