0 коментари 1 мин. читање

Апликација на денот: Smart AudioBook Player

Ако сакате да читате, но немате време можеби имаме решение. Smart AudioBook Player е Android апликација која репородуцира аудио книги.

Најверојатно денес очекувате апликацијaта да има куп функционалности, ама оваа нема, и тоа е сосем ок.  Она што го овозможува е автоматско креирање на плејлисти на книгите и нивна поделба на поглавја и помнење на позицијата до која сте стигнале.

Штом ја инсталирате и стартувате апликацијата веднаш ќе ве праша во кој фолдер се книгите. Ова ќе помогне при лоцирањето на книги, а не на сите аудио фајлови, пример музика. Сепак може и да ги скенирате уредот за аудио фајлови. По ова може веднаш да започнете со читање.

Дел од допoлнителните функционалности се промени во брзината. Така, ако звукот ви е пребрз може да забавите, ако ситуацијaта е спротивна, а ова и почесто се случува читањето да е пребавно, можете да забрзате.

Сепак една од најдобрите функционалност, најмногу ако слушате пред спиење, е автоматската пауза. За да не „прочитате“ многу часови во текот на ноќта, апликацијата автоматски паузира при подолга неактивност. За да продолжите само затресете го телефонот.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top