0 коментари 1 мин. читање 19 декември, 2013

Апликација на денот: Оригиналната Tomb Raider сега е достапна за iOS

Корисниците на iPhone и iPad за овие новогодишни празници дел од своето време за релаксација ќе можат да го поминат во играње на Tomb Raider. Square Enix ја реиздаде оригиналната верзија на играта за iOS и таа сега е достапна во App Store за еден долар.

„Се враќаме таму каде што се започна за еден од најпознатите карактери во видео играта Лара Крофт, со реиздавање на нејзината прва авантура. Точно, Tomb Raider I сега е достапна на вашиот iPad или iPhone.

Не променивме ништо, затоа е целоснa, непроменета искуство на класикот за супер ниска цена. Како подобро да откриете дали сеуште сте доволно добри да ја поминете легендарната игра во која ќе шетате низ Атлантида и Египет. Најверојатно не е за оние со слабо срце!“ вели издавачот Square Enix.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top