0 коментари 2 мин. читање 23 јуни, 2015

Апликација точно ги предвидува временските услови со помош на барометарот во iPhone

Нема недостаток на апликации за прогноза на временските услови, а најголем дел од нив се доволно точни во прогнозирањето на временските прилики. Во најголем дел овие апликации податоците ги добиваат од државни метеоролошки станици или од ентузујасти кои самите прогнозираат. Но, најголем дел од локациите немаат меторолошка станица во близина, па податоците не се секојпат точни.

Но, Dark Sky се обидува да го поправи тоа. Не се работи за нова апликација, туку за нова верзија. Dark Sky 5 ќе може да ја потврди прогнозата благодарение на барометрите кои се наоѓаат во iPhone 6 и iPhone 6 Plus. Новата верзија доаѓа со Report-копче со кое можете да не известите какви се временските услови каде што се наоѓате, велат од Dark Sky. Трикот секако е краудсорсингот на информациите од корисниците кои можат да дадат приближни информации од најблиското место, и така да се провери точно до саат како ќе биде времето.

Иако идејата е одлична, проблем засега е што како и останатите краудсорсинг апликации успехот и точноста на Dark Sky зависи од популарноста на апликацијата, но и од вољата на корисниците да помогнат. Најверојатно најголемиот недостаток на апликацијата е што не е достапна во Македонија и другите земји, а исто така има мал број на iPhone 6 и iPhone 6 Plus надвор од САД и западниот свет, па за временските услови надвор од овие области корисниците сепак ќе мора да продолжат да им веруваат на метеоролошките станици.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top